Голден Стејт пресилен за Сан Антонио

Од:

Во натпревар што се очекуваше да биде неизвесен до самиот крај, шампионот и лидер во Западната конференција, Голден Стејт со убедливи 30 разлика го совлада второпласираниот Сан Антонио и покажа дека во моментов е убедливо најдобар клуб во НБА лигата.

Стеф Кари со 37 поени го предводеше својот тим до 41.победа оваа сезона.

Сепак белег на вечерта остави играчот на Сакраменто, ДеМаркус Казинс со постигнати 56 поени.

Резултати на натпреварите од НБА лигата играни ноќта меѓу понеделник и вторник:

Кливленд – Минесота 114:107,
Вашингтон – Бостон 91:116,
Чикаго – Мајами 84:89,
Мемфис – Орландо 108:102 (по продолжение),
Њу Орлеанс – Хјустон 111:112,
Денвер – Атланта 105:119,
Јута – Детроит 92:95,
Сакраменто – Шарлот 128:129 (по две продолженија) и
Голден Стејт – Сан Антонио 120:90.

Вечер се играат осум натпревари.

Пласман Источна конференција: Кливленд 31-12 (победи-порази), Торонто 29-15, Атланта 27-19, Чикаго 25-19, Бостон 25-21, Детроит 24-21, Мајами 24-21, Индијана 23-21,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 41-4 (победи-порази), Сан Антонио 38-7, Оклахома Сити 33-13, ЛА Клиперс 28-16, Мемфис 26-20, Далас 25-21, Хјустон 25-22,Сакраменто 20-24,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on