Промоција на романот „Утринска молитва“ на Петко Шипинкаровски

Од:

Книгата „Утринска молитва“ на струшкиот писател Петко Шипинкаровски ќе биде промовирана денеска во Клубот на љубители на книгата при ЗП Солидарност во Скопје.

Промотори на најновото дело на Шипинкаровски ќе бидат Васил Тоциновски и Марина Мијаковска. Објавувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура на Република Македонија со Програмата за финансирање публикации од национален интерес за 2015.

Приказната во „Утринска молитва“ почнува и завршува во Битола, а дејството се одвива во Белград. Главниот лик Естер Меир е битолска Еврејка, која е стожерот на збиднувањата на другите приказни и ликови што се надополнуваат, надоградуваат и дорекуваат.

Преку вметнување писма и делови од документи авторот на книгата, како што наведува промоторот Мијаковска, и дава сериозен и службен тон, а со тоа документарното останува да се истражува за целта на романот, но и да биде извор за натамошно реконструирање на приказната како сведоштво за цвеќето на нацизмот како зло во целиот свет. Приказната, посочува, од индивидуална прераснува во универзална, затоа што се однесува на молитвата за сите жртви чии животи згаснале во пепелта на најголемото зло во светот.

Според Тоциновски, среќата и радоста, подемот и поразот, смртта и поразите подеднакво и постојано ги доближуваат народите едни кон други. – Иако животот е еден и неповторлив, постојано го уриваат војни, болести, делби и преселби, но наспрема нив се градат нови мостови на пријателство, доверба, соработка и љубов меѓу народите и државите, вели Тоциновски.

Петко Шипинкаровски е писател и поет, публицист, драмски автор, есеист и книжевен критичар. Автор е на повеќе дела меѓу кои романите „Откорнати души“, „Петра“, „Црна љубов“, „Дабјак“, „Златни обетки за Марија“, „Децата на Марија“, монодрами и збирки поезија како што се „Духот на војводата“, „Залезнина“,  „Кога тргнав Цвето во туѓина“, „Струшки сведоштва“, „Седело на орлица“, „Злоуми“….

Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на МНД – Битола. Главен и одговорен уредник на ревијата Бранувања и организатор на „Струшките книжевни средби“- Струга. Добитник е на повеќе награди и признанија. Неговите дела се преведени и препеани на повеќе јазици.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска