Дваесетина чешки полицајци ќе пристигнат во Македонија на почетокот од февруари

Од:

Дваесетина чешки полицајци, заедно со нивни словачки колеги на 3 февруари ќе пристигнат во Македонија, изјави чешкиот министер за внатрешни работи, Милан Хованец, јави дописникот на МИА од Прага.

Чешките медиуми ја пренесуваат изјавата на Хованец дадена во Амстердам, во која тој посочува дека испраќањето на полицајците било договорено од Владата на Чешка во декември минатата година.

Целта е, по договорот со земјите – членки на Вишеградската група – В4 (Чешка, Словачка, Полска и Унгарија) персонално и технички да се помогне во поефикасна заштита на границите.

Во подготовките на поддршката на Македонија, според чешкиот министер, исто така, учествуваат и претставници на Србија и Словенија, како и други земји од Балканот, со цел помошта да биде што поефикасна.

Хованец потсети дека чешката поддршка би била слична на моделот на работа на чешките полицајци во Словенија.

– Тие дневно помагаат на 600 до 800 луѓе. Тоа не е „про-форма” помош, туку многу ефикасна помош, оцени Хованец.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена