Земјите-членки на Европска унија апелираат до Европската комисија да се подготви за продолжување на привремената контрола на границите во шенген зоната и до две години, изјави денеска холандскиот министер за миграција Клас Дијкоф.
– Во моментот, привремените погранични мерки можат да се применат само на ограничен период од шест месеци. Но, бранот баратели на азил е без преседан, што ги принуди земјите-членки да донесат таква мерка на национално ниво, а се уште бранот не е намален, посочи Дијакоф, кој денеска претседаваше со неформалниот министерски состанок во Амстердам посветен на бегалците.