Руски борбен авион Миг-31 се урна денеска за време на обука во регионот Краснојарск на истокот на Сибир, но екипажот на време се катапултирал и безбедно се спуштил на земја, соопшти Министерството за одбрана во Москва.
Причина за падот на авионот веројатно бил технички дефект, наведе Министерството.
Авионот се урнал во шумски предел околу 40 километри од градот Канск.
Двочлениот екипаж се катапултирал и безбедно се спуштил на земја, по што воспставил радио контакт со својата команда, наведе руското Министерство за одбрана.