Град Скопје до СДСМ: Не ни треба потсетување за да ја завршиме работата без притоа да се фалиме за тоа

Од:

„Нам не ни треба потсетување за да ја завршиме работата и да им помогнеме на сите жители на градот Скопје, без притоа да се фалиме за тоа.

Сакаме да ја информираме јавноста дека денеска /25.01.2016 година/ во 11 часот градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, се сретна со граѓаните чиишто домови настрадаа во пожарите што изминативе денови избувнаа во Шуто Оризари. На состанокот присуствуваа и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Амди Бајрам, градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам и заменикот-министер за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими.

Како што беше договорено на состанокот, на терен веднаш беа испратени екипи на ЈП „Комунална хигиена“ кои се погрижија да се расчисти штетата од огнената стихија.

На овој состанок, исто така, беше договорено оштетените граѓани до утре да ја достават потребната документација, за најдоцна до четврток на опожарените во Шуто Оризари да им бидат префрлени по 50.000 денари, како помош“, се вели во реакцијата на Град Скопје на прес конференцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски