Новиот закон за контрола на комуникациите предизвикува револт во Полска

Од:

Новиот закон за контрола и надзор на комуникациите, што го најави конзервативната Влада на премиерот Беата Шидло, предизвика револт кај опозицијата во Полска и продемократски демонстрации на улиците на Варшава и во другите градови во земјата.

Со законот, Владата настојува да се здобие со пошироки овластувања за пристап на властите во дигиталната комуникација, додека на полицијата би и се дозволиле поголеми права во контролата.

Противниците на законот сметаат дека промената на сегашните прописи за следење на комуникациите, би значеле повреда на приватноста и на слободите.

– Нашата приватност е под закана.Со овој закон, можеме да бидеме следени и надгледувани во нашите домови, а исто така и на интернет, вели лидерот на полскиот Комитет за одбрана на демократијата, Матеуш Кијовски.

Според неговото толкување, наместо Владата да слуша што бара јавноста, сега сака да ги прислушува сопствените луѓе.

Учесниците на бројните протести, носеа транспаренти во кои бараат почитување на демократските принципи и на човековите слободи.

На протестот во Варшава доминираше транспарнетот на кој се објаснува дека Полска влегува во „Среќна нова 1984“, што претставува алузија на насловотот од романот на Џорџ Орвел „1984“, кој е познат како референца за авторитарна држава.

Новата влада на Партијата на правото и правдата, која уверливо победи на парламентарните избори лани во октомври, веќе предизвика бурни протести кај полската опозиција и на улиците низ Полска, со одлуката да изврши „партизација“ на Уставниот суд и со ставањето под владина контрола на државните медиуми.

Европската комисија во Брисел покрена формална истрага за да испита дали овие потези на владата во Варшава претставуваат повреда на правилата и стандардите на ЕУ.

Доколку истрагата ги потврди сомнежите на Брисел, тогаш Полска би можела да биде казнета со одземање на правото на глас во Унијата.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази