(ВИДЕО) Шилегов: Очекуваме одговори од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за нашите забелешки за методологијата

Од:

Не, СДСМ очекува конечно искрен пристап од ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ во рамки на работните групи како би можела да се усогласи методологијата за да може ДИК конечно да започне со постапката за прочистување на Избирачкиот список. СДСМ како што знае целокупната македонска јавност, во цело времетраење на  разговорите, преговорите и договорите во работните групи е единствената афирмативна политичка партија. Другите политичките партии, особено ВМРО-ДПМНЕ знаете и  самите дека директно од посредникот во преговарите и диполоматските кор  обвинети како луѓе кое кои го бојкотираат процесот на имплементација на Пржинскиот договор, рече Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Дали тоа значи дека би се откажале од целосна теренска проверка?

Не, веќе мислам дека еболариравме  во јавноста, доколку ДИК се формираше до крајот на септември, СДСМ ќе инсистираше на активна регистратицја. Кога се проби тој рок од активната регистрација, бидејќи и ДУИ се противеше  и немаше веќе време имајќи го во предвид тогаш утврдениот термин за априлските избори, рековме дека ќе преминеме на целосна теренска проверка. Парцијални решенија не можат да доведат до целосно прочистување на Избирачкиот список, со што ќе се доведе до прашање кредибилноста на изборите, коишто очигледно нема да можат да се одржат на 24 април.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски