Денеска дојдовме како делегација на СДСМ, јас, потпретседателката Фросина Ременски, Петре Шилегов како носител на листата во втората изборната единица и Самка Ибраимовски како Претседател на ПЦЕР, во посета на семејството кое што навистина сега има потреба од помош. Ова е една трагедија што се случи, не само на ова туку и на неколку семејства во Република Македонија, рече Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ.
Сега е време и момент на дело да се покаже солидарноста, заеднички да им помогнеме. Затоа си повикувам граѓаните во Република Макеоднија, кој колку може да помогне, ова семејство да си обезбеди топол дом. Да им помогнеме воедно и преку институциите на системот, да им се најдеме на овие луѓе во моментов.
Јас разговарав со сопствениците овде, рековме дека во нашите можности, членството и симпатизерите на Социјалдемократскиот сојуз, ќе направиме акција што ќе значи помош за ова семејство за трагедијата што им се случи. Споделуваме заедно, на тој начин, преку таа солидарност, и во најтешките моменти сме заедно со граѓаните на Република Македонија.