(ВИДЕО) Спасовски: Зошто помошникот министер за внатрешни молчел за 70.000-те обрасци за возачки

Од:

Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски изрази сомнеж зошто вработените во МВР не реагирале откако ги откриле обрасците за возачки дозволи, туку реагирале ден по неговата прес конференција.

„Зошто вработените во МВР не изреагирале од 26.11 до 14-ти, додека се најдени а реагираат наредниот ден? Оттогаш започнува кореспонденцијата со компанијата којашто ги набавува овие обрасци за возачки дозволи. Така да во тој дел и внатрешна контрола и сите можни механизми ќе ги испитуваме“, рече одговарајќи на новинарски прашања Спасовски, кој со партиска делегација на СДСМ беше во посета на семејство во Шуто Оризари кое во пожар го загуби домот.

Според Спасовски, најважно од сè е што се пронајдени овие обрасци и нема евентуално да бидат злоупотребени.

Тој рече дека одговорноста ја гледа кај оние што знаеле дека во магацинот имало такви обрасци, а не пријавиле.

„Ние контактиравме во тој момент со компанијата, ја известивме дека ќе ја запознаеме јавноста, јас тогаш нагласив, дека е добро што овие обрасци се откриени, за да не дојде до никакво криминално дејство, крадење на идентитети, фалсификување на таквите возачки дозволи и така натаму, тие стојат во МВР“, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра