Владата не знаела, ја поништи набавката на мебел во стилот на Луј XV

Од:

Владата не знаела дека се набавува стислки мебел и за тоа ја обвини Службата за општи и заеднички работи кои според испратеното соопштение на своја рака и без консултации одбирале мебел за премиерот.

Владата не е информирана и не побарала мебел и опрема какви што се наведени во јавната набавка објавена од страна на Службата за општи и заеднички работи која е предмет на актуелен интерес во медиумите.

Спецификацијата за јавната набавка е направена од Службата за општи и заеднички работи, без да се консултира Владата.

Владата нема потреба од мебел каков што е наведен во спецификацијата и не се согласува со спецификацијата на јавната набавка.

Владата и наложи на Службата за општи и заеднички работи да ја поништи јавната набавка, се Владата.

Во објавената набавка се бараше маса во стилот на Луј XV, столици од 30-тите години, фотелји тапацирани во боја на „кралско“ вино, рачно ткаени килими со 100 насто волна.

За терасата во Владата се бараа тросед и двосед без наслони изработени од дрвена конструкција, а перниците требаше да бидат исполнети со мемори-пени и пердуви со извонреден квалитет.

Би можело да ве интересира

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад