А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Загадувањето труе, власта си купува пердуви

by А1он23/01/2016 - 17:25101
Share0

„Загадувањето на воздухот ги труе граѓаните кои и за викенд не може да ги изнесат своите деца на прошетка.

Следете a1on на Instagram Instagram

Загадувањето на воздухот во Скопје со канцерогените ПМ10 честички и денеска е над дозволените граници.

Три до четири пати над максилано дозволените граници во последното денонокие е регистрирано загадување на воздухот во Лисиче, Гази Баба, Карпош.

Загадувањето на воздухот во Битола е 4 пати повисоко од максимум дозволеното.

Следете a1on на Youtube YouTube

Загадувањето на воздухот во Тетово е 5 пати над максимум дозволеното.

Здравјето на граѓаните нема никакво значење за власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ цели 10 години не преземаа ниту една сериозна мерка
за намалување на загадувањето на воздухот.

Наместо да го решат проблемот со загадувањето, Груевски и фамилијата изминатите години ги решаваа своите бизнис интересите.

Тие се збогатија со пари од граѓаните што требаше да бидат употребени за заштита на нивното здравје и нивните животи, затоа што тоа се нивни пари.

Граѓаните во Македонија и понатаму се гушат во нечист, загаден воздух полн со канцерогени честички опасни по нивното здравје.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму се луксузира, овојпат со мебел од времето на Луј XV, пердуви и рачно изработени теписи, а и понатаму го игнорира загадувањето што го загрозува здравјето и животот на граѓаните.

Затоа заврши времето на Груевски. И затоа завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Се што одзедоа на народот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе вратат, а учесниците во злоделата ќе одговараат“, велат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он20/09/2026 - 13:19

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он20/09/2026 - 11:53

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Катерина Ѓуровски16/09/2026 - 11:07

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 12:28

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 11:30

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

Предраг Петровиќ13/09/2026 - 13:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео