Шекеринска на состанокот на Претседателството на Партијата на европски социјалисти

Од:

Заменик-претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска присуствуваше на состанокот на претседателството на Партијата на европските социјалисти (ПЕС).

На состанокот, како што соопшти СДСМ, била изразена целосна поддршка на заложбите за фер и демократски избори во Република Македонија. Било нагласено и дека ПЕС бара доследно спроведување на сите реформи предвидени со Договорот од Пржино.

– ПЕС го поддржувa ставот на својата придружна членка СДСМ дека моменталните услови во Република Македонија не гарантираат слободни и фер избори. Прочистувањето на Избирачкиот список и потребните реформи во медиумите мора да се спроведат пред одржувањето на изборите, стои во Декларацијата на ПЕС за Македонија усвоена вчера.
ПЕС посочува и дека одлуката за распуштање на Собранието е донесена од страна на власта без исплонување на главните услови од Договорот од Пржино.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“