(ВИДЕО) СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ врши притисок врз вработените жени во Кавадарци

Од:

Никола Груевски ја нема поддршката од граѓаните на Кавадарци, ја нема поддршката ниту од младите ниту од жените. Тоа го знае и самиот Груевски. Загубената доверба помеѓу граѓаните Никола Груевски сака да ја прикрие со партиски декрети со коишто хистерично бара 17 автобуси да бидат наполнети за присуство на годишното собрание на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, во недела, во Скопје, велат од СДСМ.

Соочени со силно „не“ од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ врши притисок врз вработените жени во општинската администрација и други државни институции во Кавадарци да присуствуваат на партискиот настан во Скопје.

Се прават списоци со вработени жени од коишто се бара по секоја цена да ги полнат автобусите на Никола Грувски.

Очигледно Никола Груевски жените од Кавадарци ги смета само за бројка којашто треба да го прикрива неговиот страв од соочување со граѓаните на слободни, фер и демократски избори и соочување со одговорноста за криминалот и корупцијата.

Ова е потценувачко и навредувачко за нашите сограѓанки, за секоја жена.

Методите блиски до фашистичката филозофија, ја девалвира положбата и статусот на жената во Кавадарци.

Во нормални општества, не се вршат притисоци врз жените да присуствуваат на партиски настани на коишто не сакаат да присуствуваат.

Во демократски општества жените се оставени сллободно да носат одлуки а не во нивно име друг да им наложува што да прават.

Јавно апелираме сите наши сограѓанки да ги пријават притисоците. За овие злоупореби на државните институции следува одговорност.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“