Голден Стејт ја совлада Индијана трипл-дабл на Кари

Од:

Голден Стејт на домашен терен ја победи Индијана со 122:110. Стеф Кари за 36 минути на паркетот постигна 39 поени, 12 асистенции и 10 скока. За Кари тоа беше втор трипл-дабл во оваа сезона. Индијана со 31 поен ја предводеше Тарнер, но еден расположен кошаркар не е доволно за да го победи Голден Стејт.

Дејвид Блат доби отказ од Кавалирс. Тој работеше во Кливленд година и пол. Минатата сезона Кливленд ја освои титулата во Источната конференција, но го загуби големото финале од Голден Стејт, а оваа сезона Кавалирс се лидери на Истокот со 30 победи и 11 порази.

Скорот на Кливленд под водство на Блат е 83 победи и 40 порази.

Резултати на деветте дуели одиграни ноќеска:

Орландо – Шарлот 116:120 (по продолжение),
Бостон – Чикаго 110:101,
Бруклин – Јута 86:108,
Њујорк – ЛА Клиперс 88:116,
Хјустон – Милвоки 102:98,
Торонто – Мајами 101:81,
Далас – Оклахома 106:109,
Голден Стејт – Индијана 122:110 и
ЛА Лејкерс – Сан Антонио 95:108.

И вечерва на програмата се играат девет натпревари.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on