Обилните дождови предизвикани од тропска бура во текот на претходните четири дена, земаа најмалку 22 животи во јужната индиска држава Андра Прадеш.
Како што е соопштено, жртвите се удавиле или несреќно загинале кога нивниот дом се урнал.
Речиси 95.000 луѓе се евакуирани во кампови во државата Андра Прадеш. Ова се најобилните дождови во последните 40 години во Индија.