Путин: Ленин постави атомска бомба под СССР

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека идеите на Владимир Илич Ленин довеле до распад на СССР, наведувајќи дека тие „поставиле атомска бомба под Русија, која подоцна експлодирала“.

Путин тоа го изјави за време на вчерашниот состанок на Претседателскиот совет за наука и образование, откако еден од учесниците цитирал стихови од поема на Борис Пастернак во која Ленин е опишан како некој што текот на своите мисли ги насочувал кон управување на земјата.

– Исправно е владеењето да ви биде раководено од мислите, но само кога идеите доведуваат до исправни резултати, а не како што правеше Владимир Илич, наведе Путин, додавајќи оти на крајот идеите на Ленин довеле до крах на Советскиот Сојуз, објави „Москоу тајмс“.

Тој додаде дека Ленин имал многу такви идеи, како што е автономија за регионите.

– Со таквите идеи поставена е атомска бомба под зграда наречена Русија што подоцна експлодира. Не ни беше потребна глобална револуција, посочи Путин.

Тој претходно падот на Советскиот Сојуз го опиша како „најголема геополитичка катастрофа на 20 век“.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство