Екипата на Сан Антонио ја оствари 12-тата победа во низа вкупно 43-та сезонава во НБА кошаркарската лига.
На средбата одиграна ноќеска во Феникс тимот на Сан Антонио славеше триумф со 117-89. Предводници на гостите од Тексас беа, Каваи Леонард со постигнати 21 поен, и Бобан Маријановиќ со „дабл-дабл“ од 17 поени и 13 скокови. Кај домашниот тим Девин Букер постигна 24 поени.
„Спарси“ досега беа поразени само на шест натпревари, а последниот го претрпеа на 26 декември минатата година, на гостувањето кај Хјустон кога загубија со 84:88.
На останатите натпревари одиграни ноќеска:
Кливленд – Л.А. Клиперс 115-102,
Њу Орлеанс – Детроит 115-99 ,
Денвер – Мемфис 101-102 и
Сакраменто – Атланта 91-88.