Роман за деца „Јамболија што лае“ од Киро Донев

Од:

„Македоника литера“ го објави романот за деца „Јамболија што лае“ од Киро Донев, за кој авторот потпиша договор за превод на бугарски и на украински јазик, а резервирани се и правата за превод на српски јазик. Сите три превода треба да бидат објавени во 2016 година.

Книгата е илустрирана со цртежи на Миле Топуз. Се работи за  роман сказна, во кој животните зборуваат, а главни ликови се домашни миленици – куче и маче, но и еден пензиониран зообиолог, неговата сопруга, која е учителка, и нивното внуче. Еден од главните ликови, според кои е насловен романот, е едно рунтаво куче кое наликува  на парче јамболија.

– Ова е книга заснована на факти за домашните миленици. Кучето го разбира јазикот на човекот, но човекот не може да зборува на неговиот „јазик“. Ако овие животни почнат да зборуваат меѓу себе и да комуницираат, тогаш и кучето ќе го изгубиме како пријател. Човекот, на пример, може да се однесува како животно, за разлика од кучето, кое е животно. Кај кучето постојат сите чувства што ги има и кај човекот, како што се: љубов, бес, страв, верност… Сето тоа е опишано во книгата и токму затоа ова е роман во кој се опишува менталниот склоп на кучињата, мачките, птиците…  вели авторот.

Киро Донев (1942, Моноспитово, Струмичко) е автор на четириесетина книги за деца, пред сè прозни дела: романи, раскази, гатанки, повести, пиески и сликовници, а за своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди во Република Македонија. Негови дела се преведени на неколку јазици.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска