„Чејка и чајка“ на Вера Чејковска во издание на „ИЛИ-ИЛИ“

Од:

Книгата „Чејка и чајка“ на Вера Чејковска деновиве излезе од печат во издание на „ИЛИ-ИЛИ“.

Се работи за првата прозна книга на авторката и 121. издание во едицијата ПРОаЗА на ИЛИ-ИЛИ реализирано со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Илустрацијата на корицата ја изработи Марија Смилевска, а дизајнот е на Бригада.мк.

Вера Чејковска (Скопје, 1954) е македонски поет, есеист, доктор на физички науки, добитник на македонските поетски награди „Млада Струга“, „Кочо Рацин“, „Ацо Шопов“ и „Браќа Миладиновци“. Изворно, на македонски јазик, ги објавила поетските книги: Човек и врата (1975), Множење на словото (1986), Опит (1992), Отсуството на Благиот (1993 – избор), Рабови (2007), Отсуството на Благиот II (2008 – избор) и Моите веди (2013). Издадени се два нејзини поетски избори на англиски и еден на албански јазик. За нејзината поезија се напишани над триесетина засебни текстови од дваесетина познати македонски критичари, во кои општите оценки се движат од антитрадиционалност во однос на целокупната македонска поезија, до постмодернизам и пост-постмодернизам.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска