Препеви на Шипинкаровски од Руски објавени на Викиливрес

Од:

Препеви на стихови од рускиот поет Александар Николаевич Књазев направени од стружанецот Петко Шипинкаровски објавени се во електронската енциклопедија Викиливрес.ру.

Препевите, како што посочи Шипинкаровски, се резултат на воспоставената соработка меѓу писателите на Русија и Македонија.

– Здружението за литература, култура и наука „Бран“ од Струга и ревијата за книжевност „Бранувања“ во изминатите години развија плодна соработка со повеќе земји со цел афирмацијата на македонскиот јазик и македонските автори преку претставување во странски списанија и ревии, но и објавување на странски автори во македонски списанија и ревии од областа на книжевноста. Таквата соработка покажува резултати, изјави Шипинкаровски.

Според него, препевот на стихови на угледниот поет од Санкт Петербург, Александар Николаевич Књазев објавени на енциклопедијата Викиливерс, како и препевот од Полски јазик направен на македонски на книгата „Кога си со друга“ на полската поетеса Калина Изабела Зиола е резултат на таа соработка.

Изминативе години, здружението Бран“ и ревијата „Бранувања“ развиле соработка со книжевни списанија од Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Романија, Полска, Русија…

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска