Собранието на РМ ќе ги одржи 87. и 85. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи првото продолжение на 87.седница на чиј дневен ред се Предлог-законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка и предлог – законите за изменување и дополнување на законите за извршување на санкциите и за јавнообвинителска служба, двата по скратена постапка.

По завршувањето на 87.седница, Собранието ќе го одржи шестото продолжение на 85. седница со расправа за Предлог-законот за дополнување на Законот за одбрана, по скратена постапка, предлог-законите за медицинските сестри и акушерките и за слободните здравствени зони, за дополнување на законите за градење и за градежно земјиште, за урбано зеленило, сите во прво читање.

Пратениците ќе ги разгледаат и предлог-законите за изменување на Законот за заштита од пушењето, за дополнување на Законот за административни службеници, за изменување и дополнување на законите за буџетите, за јавен долг, за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, сите во прво читање, поднесени од пратеници од опозицијата.

На дневен ред на седницата се и Предлог автентично толкување на член 136 став 1 алинеја 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и четири барања за давање на автентично толкување на членови од законите за парнична постапка, за облигационите односи, за персоналниот данок на доход и за работните односи, поднесени од Горан Милевски.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители