НСДП: 18 јануари ќе се памети долго по оставката на диктаторот Груевски

Од:

Има некои датуми кои во колективната меморија на граѓаните на Република Македонија кои ќе останат длабоко врежани како моменти на раскинување со трауматични и авторитарни политички искуства, моменти кои означуваат почетоци на нови демократски процеси на рекомпонирање на институционалните темели на државата.

Еден таков даtум е и 18 јануари 2016 година, денот кога и официјално диктаторот Никола Груевски ја напушти премиерската функција и дефинитивно замина од политичката сцена. По една декада на мрачно авторитарно и корумпирано владеење започнува темелното демократско реформирање и враќање во нормала на целокупното општествено-политичко милје.

Провладините медиуми колку и да се обидуваат да спинуваат дека тој ќе биде идниот премиер, со ставање во преден план на самораспуштањето на Собранието, а не на оставката, како политички потег кој демонстрира самоувереност дека политички ќе преживее, сепак и на најнеупатените им е повеќе од јасно дека Никола Груевски не може повеќе да смета на партиципација во било која државна институција, па дури ниту на тоа да биде пратеник. Политичката „смрт“ не доаѓа само поради тоа што тој е соочен со кривична одговорност, туку и поради злото што го нанесе на Македонија и го расеа семето на раздор и омраза помеѓу граѓаните. Па од таму, медиумскиот спин само ја одложи општонародната веселба за заминувањето на Груевски и неговото врежување во мрачната политичка историја на Република Македонија, велат од НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ