Милевски: Да се отповика одлуката за избори во април

Од:

Либерално-демократската партија е со став дека не смее да се поништи Договорот од Пржино, ниту од страна на опозицијата, ниту од страна на власта, реагира ЛДП.

Апелираме до четирите партии, потписнички на договорот од Пржино, да го почитуваат договореното, особено во делот на реформите. Што се однесува до датумот, ЛДП бара легитимни, а не брзи избори.

Затоа повикуваме:

-Груевски да ја отповика скандалозната одлука, на 24 февруари да се распушти Парламентот, а на 24 април да се спроведат избори без опозиција.

-СДСМ да не повлекува потези кои би биле штетни по Договорот од Пржино.

Уверени сме дека во една ваква констелација на односите, повеќе од потребно е министрите на СДСМ да продолжат со работа во рамките на техничката влада.
Не смее да запре процесот кој треба да го расветли неодговорното работење на оваа власт.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го охрабруваме да продолжи со давањето на неопходната техничка помош при прочистувањето на избирачкиот список и откривањето на сите злоупотреби на актуелната власт.

Работата на специјалното јавно обвинителство мора да даде резултати!
Ја повикуваме и меѓународната заедница да помогне во обновувањето на преговорите, бидејќи само така ќе имаме кредибилни избори, според волјата на народот.

Но, доколку ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и покрај се’, го распуштат Парламентот на 24 февруари, она што ќе биде неизбежно е давањето отпор преку општа мобилизација на граѓаните, со цел спречување на обидите на власта да воведе целосна диктатура во државата.

ЛДП после 24 февруари ќе бара отповикување на сите избрани и именувани функционери на државно и локално ниво и дистанцирање од било каква улога на опозицијата со оваа власт.

ЛДП денеска повикува на разумност и компромис, бидејќи во прашање е иднината на Р. Македонија.

Не сакаме дестабилизација на државата. Македонија мора да гради европска иднина со цивилизирана и демократска власт, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство