Во Скопје за два дена 11 сообраќајки, 11 повредени

Од:

Во текот на изминатите два дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.

На 18 јануари, понеделник, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно пет сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца сопатници и еден пешак.

Вчера, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно шест сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и четири се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници и еден пешак.

Во текот изминативе два дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 24 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Осум возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, како и осум возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.

Санкционирани се и седум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски