Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, за српската Б92 изјави дека не е во најдобра психофизичка форма пред завршниот Мастерс во Лондон.
Ѓоковиќ истакна дека тоа нема да му пречи да пружи максимум и додаде дека му значи фактот што годината ќе ја заврши како прв на АТП листат.
„Ова е последниот турнир во годината, сигурно најважниот во овој дел од годината. Сигурно дека оваа долга сезона влијаеше и физички и ментално на сите нас, но сигурен сум дека ќе ја најдам неопходната сила да се обидам да пружам максимум“.
Српскиот тенисер рано го заврши натпреварувањето во Париз и веќе тогаш беше видливо дека не е во најдобра форма.
„Јас се обидувам секогаш да бидам оптимист, но реалната ситуација е дека не сум најсвеж и свесен сум поради тоа, особено поради некои приватни проблеми кои ги имав во последниот период. Свој данок си зема и долгата сезона.
– Без оглед на се, не сум прв пат во ваква ситуација, знам да се поставам, имам исклучителен стручен штаб. Позитивната работа на овој турнир е што по секој меч има ден одмор. Велам, секогаш сум оптимист, гледам да бидам самоуверен на теренот, затоа што тоа ми носеше многу успех и знам дека тоа е правилното размислување“.
Општ впечаток е дека групата А во која се Новак, Мареј, Цонга и Бердих, е група на смртта, но најдобриот светски тенисер не размислува така.
„Ништо особено не очекував ниту посакував на овој турнир. Рејтингот на ранг листата нема голема улога, сите имавме долга сезона, некои се во форма, некои не се…Многу е непредвидливо што ќе се случи и токму поради тоа ова е многу важен турнир, мислам дека сите ќе бидеме изедначени.
– Поради тоа не очекував да добијам лесен противник во својата група. Првиот меч го играм против Цонга, кој е еден од најдобрите на светот. На овој турнир играат најдобрите осум на светот, така што навистина нема лесни мечеви и морате да го прифатите тоа што ќе ви го дадат“.
Без оглед на резултатот во Лондон, Ѓоковиќ ќе ја заврши втората година по ред, прв на АТП листата.
„Број еден на светот е голем успех и сум многу горд на тоа, како и на цел мој тим, затпа што без нив немаше да биде ова возможно и тоа е една олеснителна околност пред почетокот.