Честитка од Емил Димитриев по повод Богојавление-Водици

Од:

Претседателот на Владата за спроведување на парламентарните избори Емил Димитриев по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици денеска упати честитка до поглаварот на МПЦ-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед.

– На овој прекрасен ден, секоја година одново и одново се потсетуваме на големата љубов на нашиот Бог-Создател, на неговата милост да ни ги открие најдлабоките тајни поврзани со облагородување на душата и прочистување на срцето. За оваа цел, Бог се јави и го испрати нашиот спасител Исус да се покрсти и да ни го покаже патот на благочестивоста и на искрената заедница со нашиот Бог, стои во честитката. 

Денеска, како што се наведува, сите македонски води се богојавленски води, да празнуваме и да се радуваме на денот кога Бог не приближи кон себе и ни дари нов живот.

– Да си посакаме Божја благодет, мудрост, сила и поткрепа да правиме добри дела, да гледаме напред, да се сакаме и почитуваме, да и помогнеме на нашата земја да ги надмине сите препреки пред кои е исправена и да продолжи да чекори напред, силно и достоинствено, решително и одлучно, во интерес на подобриот живот на сите граѓани на Република Македонија. Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник! Бох се јави! Навистина се јави!, вели во честитката Димитриев. 

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба