Заев: Овој празник на духовното раѓање нека не поттикне и охрабри да одговориме несебично на нашите свети обврски

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и до сите граѓани кои го чествуваат празникот.

„На Вас, на претставниците на МПЦ, на граѓаните кои денеска празнуваат, од срце го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз.

Овој празник на духовното раѓање нека `не поттикне и охрабри сите да одговориме несебично на нашите свети обврски за заштита на вистината и правдата.

Пред нас секогаш ѕвезда водилка на патот нека бидат вистината и правдата, бидејки тоа е нашиот исконски повик и порив како луѓе.

Да бидеме чесни, солидарни, толерантени, да сакаме и почитуваме, да се разбираме и поддржуваме независно од различностите по која било основа.

Само посветени на овие темелни вредности на човековата личност, можеме да обезбедиме спокоен и достоинствен живот за сите, индивидуален и колективен мир.

Пожелувам празникот да го поминете меѓу саканите и семејството во духовен мир.

Среќен празник Богојавление – Водици!

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје