Основите на полската демократија се разурнати

Од:

Гардијан – Лондон

Полска – водечката сила во посткомунистичката Централна Европа – е под закана да биде сведена на нелиберална демократија преку дејствијата на неодамна избраната владеачка партија. Основните столбови на нејзината се уште либерална демократија како уставниот суд, државните електронски медиуми и професионалните државни служби се исто така под закана. Сите сојузнички демократски земји во Европа и преку Атлантикот треба да го подигнат гласот за да го изразат својот неспокој односно тоа враќање со тешки последици за целиот демократски Запад.

А тоа наскоро треба да се случи. Политичкиот „блицкриг“ во последниве два месеци е знак дека стратегијата на партијата Право и праведност (ПиП) и најмногу на нејзиниот лидер Јарослав Качински е набрзина да ја заврши, па дури и бесцеремонијално, валканата работа за трансформирање на политичкиот систем, за потоа да покаже едно друго поблаго, помеко и попрагматичпно лице. Тој располага со парламентарно мнозинство за да го направи тоа (иако се две третини неопходни за промени во уставот), се уште има значајна општествена поддршка и – она што е уште пострашно! – претседателот на земјата се однесува како негова марионета.

Иако веќе 20 години Качински мечтае да ја доврши антикомунистичката револуција од 1989 година – тој сепак осознава исто така сеќавајќи се на неговиот обид за владеење во 2005 и 2007 година дека прозорецот на можности нема долго да биде отворен. Така што слично на Магбет и тој си вели: „Ако тоа треба да биде направено… тогаш подобро е да биде направено што побрзо“.

Иако сето ова напишано од мене до тука може да изгледа како партиска, неправедна критика во очите на мнозина од гласачите за партијата на Качински на изборите минатата есен, тогаш тоа истовремено нека јасно го покаже она што јас не го кажувам. Јас не ја критикувам партијата со јавно парламентарно мнозииство дека ја протуркува својата јавно декларирана конзервативна, католичка и евроскептична политика, во која вешто е вплете левоцентристички збир од економски и социјални ветувања. Јас можеби не ги сакам тие политички посланија, но тоа е демократијата. Скоро 40 години сум пријател на Полска, но не само на еден нејзин дел, а да не говориме за некои политички партии. Меѓу насилните бранови од спомени кои ми навираат е огромниот собир пред историскиот манастир кој го посети Папата Јован Павле Втори во 1983 година, и пеењето на старата патриотска химна „Слободната татковина врати ни ја, Господи“.

Пип го претставува целиот конзервативен, религозен дел од полското општество и една третина од полскиот електорат. Партијата смело привлече други гласови искористувајќи го разочарувањето од центристичката Граѓанска платформа, и тажниот хаос во полската левица. Така што таа оствари убедлива победа на фер и слободни избори слично на Дејвид Камерон во Велика Британија. Затоа не политиката, политичарите или пак идеологијата бараат од сите пријатели на Полска да почнат да објавуваат тревога, а тоа што екипата на победниците се обидуваат еднострано да ги променат правилата на целата демократска игра.

Во споредба со ториевците, кои управуваат во Велика Британија, интересно е зошто политичари од ПиП се преправаат дека воведуваат нешто како парламентарен суверенитет во британски стил. Пред извесно време еден британски политичар конзервативец го опиша британскиот политички систем како „изборна диктатура“ заради исклучителното ставање на власта во рацете на премиерот и на дисциплинираното парламентарно мнзинство. Но иако Велика Британија нема пишан устав, како што имаат САД или Германија, во неа има моќни сопирачки и баланси: беспрекорно неутрален шеф на државата; категорично независните судови кои не се колебаат да гонат и министри; Би-Би-Си; професионални државни служби, служби за безбедност, кои (барем во нашето доба, колку што знам) не примаат порачки од еден политичар на штета на друг; како и стабилна култура на политичка дебата… Треба ли да продолжам?

Во Полска, напротив, претседателот Анджеј Дуда ја извршува стратегијата на својот политички господар. Дуда е доктор по право, но неговиот ментор на докторската дисертација вели дека тој веќе три пати го прекршил уставот – една одлука на Сејмот (парламентот) и судски одлуки на практично обезглавениот Уставен трубунал; со еден нов закон за медиуми се потчинуваат државните електроснки медиуми директно на владата; на раководни позиции во државните служби се поставуваат секакви можни политички назначувања.

Добрата вест е тоа што полското општество веќе се мобилизирало во поддршка на либералната демократија. Минатиот ноември во истражување на јавното мислење се дозна дека 55 отсто од луѓето велат дека демократијата во Полска е под закана. ЕУ исто реагираше поостро отколку на сличните 9И посериозни) промени во Унгарија на Виктор Орбан. Многу е значаен фактот што Качински и Орбан имаа петчасовна средба на која ги координираа своите позиции.

Медиумите во Германија обрнаа специјално внимание на опасниот пресврт во Полска. Исто како и еврокомесарот, одговарајќи на медиумите и кој случајно е германец, како што е и претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шмит, кој исто изкажа остар став.

Но ако ја оставиме таа работа на Брисел и Германија, за луѓето околу Качински ќе биде прелесно да кажуваат дека Брисел и наредува на Полска, како што претходно правела Москва. И да си поигруваат со сеуште тлеечките антигермански чувства. Така што треба и традиционалните пријатели на Полска да прозборат: нејзиниот историски сојузник Франција, на пример (Полска е единствената земја, за која јас знам, дека во својата национална химна има позитивна порака за Наполеон); Шпанија, друга голема католичка земја направи преод од диктатура кон демократија. Италија, Канада; И најмногу треба да го слушнеме гласот на САД, особено сега додека Полска се подготвува за важна средба на врвот на НАТО во текот на летото и бара сили на НАТО да бидат стационирани за постојано во земјата.

Што се однесува до Велика Британија, реално гледано, Камерон е политичарот од кого најмалку можеме да очекуваме да го критикува Качински. Затоа што нему очајно му е потребен договор за социјалните обврски за вработените емигранти во кралството (главно Пољаци), како и да победи на референдумот за британското членство во ЕУ. Но си дозволува Камерон да биде ставен во тесно, макар што како одговор можеме да слушнеме само зборови на заплетканост. Дали некој член на Домот на општините ќе се обиде да постави прашање за Полска до премиерот на следното заседание на парламентот?

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази