Снегот не предизвика проблеми во сообраќајот во Кумановско

Од:

Снегот што синоќа го зафати Куманово не предизивика проблеми во градот. Висината на снежната покривка во градот е незначителна,а регионалните и локалните патишта се проодни и чисти, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Снегот не предизивка проблеми ниту во соседните општини, Старо Нагоричане и Липково. Одговорното лице од општина Старо Нагоричане Дарко Митровски информираше дека снегот во оваа општина не предизвикал проблеми, но, сепак, како што рече, во текот на денот екипи од општината ќе ги посетатат повисоките планински места.

Од ЈП „Македонија пат“-секција Куманово информираат дека магистралните и регионалните патишта во Куманово и соседните општини се проодни. Екипите во текот на вчерашниот ден и ноќта интервенирале и ги чистеле патиштата.

Раководителот Тихомир Алексовски информираше дека незначителни проблеми имало кај Павлешенци, каде поради ветерот и наносите од снег сообраќајот се одвивал отежнато, но без застој, по влажен коловоз.

Од општина Куманово информираат дека екипите на двете фирми кои се ангажирани од општината во текот на ноќта ги чистеле улиците и булеварите во градот.

 

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска