Детроит му го нанесе четвртиот пораз на Голден Стејт

Од:

Актуелниот првк во кошаркарската НБА лига Голден Стејт го претрпе четвртиот пораз сезонава.

„Воините“ ноќеска на гостувањето во Детроит загубија со 113-95 па сега на половина од сезона имаат „скор“ од 37 победи и 4 порази.

Тоа е само една победа помалку од рекордните достигнувања на Чикаго (1995/1996) и Лос Анџелес Лејкерс (1971/1972), кои во овој период од сезоната имаа скор од 38-3.

Ниту расположените Стеф Кари со 38 и Клеј Томсон, кој постигна 24 поене, не им помогнаа на „Вориорси’’ да го избегнат овој пораз.

Во редовите на победничката екипа петмина кошаркари имаа двоцифрен број на поени, а најмногу по 20 постигнаа Реџи Џексон и Кентавиус Калдвел-Поуп.

На останатите натпревари одиграни ноќеспа беа постигнати овие резултати: Шарлот – Милвоки 92-105, Атланта – Бруклин 114-86, Филаделфија – Портланд 114-89, Вашингтон – Бостон 117-119, Мемфис – Њујорк 103-95, Јута – ЛА Лејкерс 109-82 и ЛА Клиперс – Сакраменто 103-110.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on