Сто години од раѓањето на Волче Наумчески

Од:

Стогодишнината од раѓањето на македонскиот писател Волче Наумчески ќе биде одбележана утре во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

За животот и делото на Наумчески ќе зборува проф. д-р Васил Тоциновски.

Наумчески е роден на 18 јануари 1916 година во Прилеп, а починал на 20 март 1980 година во Скопје. Објавил повеќе стихозбирки за деца и возрасни меѓу кои спаѓаат „Поема за злото“, „Пролетни желби“, „Виорно знаме“, „Седумдесет цветови“ и многу други.

Во 1934 година се зачленил во читалницата „Трезвена ложа“. Во тој период ја напишал и својата прва песна „Молитва“. Во 1939 година му е објавена првата стихозбирка „Иди пролет“, печатена во Битола.

Во 1940 година бил мобилизиран во војската на Кралска Југославија. За време на окупацијата бил заробен и одведен во Бугарија. По враќањето во Прилеп активно учествувал во револуционерното движење во градот, а за време на октомвриското востание бил непосреден учесник.

За своите залагања во НОВ е одликуван со Орден на храброст, Орден за заслуги за народ и Орден на трудот. Од областа на литературата добитник е на наградата „11 октомври“ за животно дело.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска