Забрана за камиони на повеќе планински премини

Од:

Забрана за тешки товарни возила поради врнежи од снег е воведена на планинскиот премин Пресека, на планискиот премин Ѓавато, на патните правци Струга-граничен премин Ќафасан, Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, крак Маврово – Дебар, крак Стража – Кичево и Тетово – Попова Шапка. За останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема, соопшти АМСМ.

Забрана за автобуси е воведена на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите возила задолжителна употреба на зимска опрема.

Авто мото сојузот на Македонија препорачува, поради обилни снежни врнежи, без особена потреба да не се патува во западниот дел од државата, задолжително носење на зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег кој останува на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија Пат.

На граничниот премин Деве Баир има чекање за излез од државата од прилика 30 минути. На останатите граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on