Премиерот на германската сојузна покраина Баварија, Хорст Зехофер денеска се закани дека ќе поднесе тужба против Владата во Берлин, поради нејзината политика на „отворени врати“ кон бегалците.
Зехофер е лидер на баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ), која е сестринска партија на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел.
Баварскиот премиер изјави дека до Федералната Влада на Меркел ќе упати писмено барање во рок од две недели „повторно да воспостави ред на државните граници“, преку кои во текот на минатата година минаа околу еден милион имигранти.
Германските медиуми оценуваат дека ваквата најава на Захофер е уште еден показател за поделбата во владејачкиот блок ЦДУ/ЦСУ во врска со политиката кон бегалците и доказ за зголемениот притисок врз Меркел за ограничување на приемот на имигранти од конфликтните зони на Блискиот Исток во Германија.
Реакцијата на Заховер доаѓа во услови на зголемено незадовоство во германската јавност од полиитката на „отворени врати“ за бегалците. што ја промовираше Меркел под мотото „ние можеме“, кое доплнително порасна по серијата напади врз жени од страна на имигранти во Келн во текот на Новогодишната ноќ.
Во услови на поделба на јавноста околу политиката кон беглаците се огласи и германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, кој во интервју за денешниот број на весникот „Зидојче Цајтунг“ и изрази целосна поддршка на Меркел во врска со бегалското прашање.
Шојбле изјави дека Меркел „до исцрпеност работи“ за да ја реши бегалската криза, а дека работите во Европа се одвиваат многу бавно.
– Со целосна убеденост ја поддржувам канцеларката, изјави Шојбле.
Според истражувањето на јавното мислење, нарачано од телевизијата ЦДФ, рејтингот на демохристијаните е најнизок од 2013 година, кога Меркел по трет пат стана канцеларка.