Проодни регионалните и магистрални патишта во источна Македонија

Од:

Источниот дел на Македонија  во попладневните часови го зафати снежен бран. Техничкиот директор на регионалната подружница  на ЈП „Македонија пат“-Штип, Кире Коцев вели дека проодни се сите регионални и магистрални патни правци.

– Активни се шестте пунктови на ЈП „Македонија пат“, екипите со механизацијата ги поминуваат сите патни правци и досега на коловозите имаат фрлено околу 100м/3 абразивен материјал. Прооден е и патот до турскичкиот ски центар „Пониква“, вели Коцев.

Тој додава дека по врнежите од дожд, а сега и на снегот има појава на одрони на патните правци Кочани-Делчево и Виница-Берово, а екипите на ЈП „Македонија пат“ работат на нивно отстранување од коловозите. Коцев вели дека останува препораката возачите кои ќе тргнат на пат да возат со зимска опрема,  да ја почитуваат и следат сигнализацијата на регионалните и магистрални патни правци.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози