Забрана за камиони и автобуси во дел од западна Македонија

Од:

Поради снежните врнежи забрана за тешки товарни возила е воведена на патните правци крак Маврово – Дебар, крак Стража – Кичево и Тетово – Попова Шапка, а за автобуси на патот  Тетово – Попова Шапка, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Превентивно забрана за камиони е воведена и на планинскиот превој Пресека, а за останатите возила е задолжителна зимската опрема.

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег кој останува на коловозот по  интервенција на дежурните екипи од „Македонија пат“.

АМСМ препорачува поради обилните снежни врнежи без посебна потреба да не се патува во западниот дел од државата. Укажува на задолжително носење зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска се очекува да има заладување и поинтензивни врнежи, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег. До утре наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, освен во крајниот југоисточен дел. На планините во западните делови се очекува повеќе од 50 сантиметри нов снег, а на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 сантиметри.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on