Новиот аргентински претседател платата ќе ја донира на хуманитарна организација

Од:

Новиот претседател на Аргентина Маурисио Макри, кој потекнува од богато семејство, својата претседателска плата ќе ја донира на фондација од Буенос Аирес, која обезбедува храна на сиромашни луѓе.

Кантината „Лос Пилетонес“ на фондацијата „Маргарита Бариентос“, која храни 1.800 лица во сиромашен кварт на Буенос Аирес, секој месец ќе ја добива бруто платата во висина од 100.000 пезоси или нето сума од 61.000 пезоси, што е околу 4.165 евра, пишува весникот „Кларин“.

Макри ја донира својата плата на оваа невладина организација уште додека беше градоначалник на Буенос Аирес од 2007 до 2015 година.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ