Социјалната мрежа Фејсбук ја ангажирала фирмата Бертелсман за следење и бришење расистички постови и пораки со говор на омраза во Германија.
Преку оваа ивестиција, Фејсбук сака да се обезбеди дека ефективно ќе се бори со извештаи за прекршување на социјалните стандарди според кои забранети се навреди, закани или вербални напади во постовите објавени од корисниците.
Најмалку 100 вработени во Бертелсман ќе вршат мониторинг на говорот на омраза на Фејсбук а ним ќе им помагаат и вработени во американската социјална мрежа.
Во ноемви обвинителството во Хамбург започна истрага против Фејсбук за прекрушување на законите на Германија во делот на говорот на омраза. Во кампањата со која Фејсбук требаше да го намали просторот за ксенофобија и говоро на омраза се вклучија и канцеларката Меркел и министерот за правда Хајко Маас кој формираше работна група која заедно со Фејсбук требаше да го реши проблемот на идентификување на постови поврзани со криминал и нивно елиминирање.