Полскиот Парламент усвои сет закони за полициски надзор

Од:

Полскиот Парламент денеска ги усвои новиот сет закони со кои се проширува опсегот на полициски надзор, но истовремено и се изложува на построга контрола на судот.

Како што пренесе Танјуг, од 234 пратеници дури 213 гласаа за усвојување на законите за полициски надзор, што ги предложи владеачката Партија на правдата и правото, додека тројца беа воздржани.

Меѓутоа, неопходно е Сенатот и претседателот да дадат одобрение за новиот сет закони со кои на полицијата и се даваат поголеми можности за надзор над осомничените, но тој се подложува и на контрола на судот, пренесуваат американските медиуми.

Законот е дел од спорните реформи што владеачката Партија на правото и правдата ги спроведува во државните органи.

Односите меѓу Брисел и Варшава се затегнаа откако во октомври Партијата на правото и правдата, предводена од евроскептикот Јарослав Качински, се врати на власт во Полска, по осумте години минати во опозиција.

Десетици илјади Полјаци, во меѓувреме, демонстрираа по улиците заради инсистирањето на оваа партија да ги спроведе законите со кои и се дава контрола врз Врховниот суд на Полска и врз јавните телевизиски и радио станици.

Европската комисија одлучи да расправа за владеењето на законот во Полска, што може да доведе и до казнени мерки, а станува збор за потег без преседан за една земја членка на ЕУ, наведуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази