Австрија потврди дека дека во тек се преговори со Германија и Словенија за ограничување на влезот за мигранти во тие држави.
Словенечки медиуми јавуваат дека планот предвидува тие држави заеднички да го надгледуваат мигрантскиот бран на границата на Словенија и Хрватска.
Засега нема политичка одлука иако за конкретните преговори на полициите на трите држави потврдија од австриското Министерство за внатрешни работи. Австриската полиција очекува новите мерки да се примат од крајот на овој месец.