Кошаркарите на Кливленд ја продолжија серијата победи откако ноќеска по продолжение славеа на гостувањето кај Далас. Ова за Кливленд беше осма победа во серија и единствено Сан Антонио и ЛА Клиперс имаат подолга серија во моментов од девет победи.
Леброн Џејмс постигна кош за изедначување од 95:95 на крајот од регуларниот дел, а во дополнителните пет минути Кливленд беше подобар.
Џејмс со 27 поени беше најефикасен, додека повратникот Кајри Ирвинг постигна 22, а кај Кливленд дури седум играчи имаа двоцифрен број поени.
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Далас – Кливленд 107:110 (по продолжение),
Индијана – Феникс 116:97,
Детроит – Сан Антонио 99:109,
Њујорк – Бостон 120:114,
Мемфис – Хјустон 91:107,
Милвоки – Чикаго 106:101,
Минесота – Оклахома Сити 96:101,
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 95:91.
Пласман Источна конференција: Кливленд 27-9 (победи-порази), Торонто 24-15, Атланта 23-15, Чикаго 22-15, Индијана 22-16, Мајами 22-16, Детроит 21:17, Орландо 20 – 18,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 36-2, Сан Антонио 34-6, Оклахома Сити 27-12, ЛА Клиперс 25-13, Далас 22-17, Мемфис 21-19, Хјустон 20-19, Јута 17-20,…