Бордот на Европската алијанса на новински агенции (ЕАНА) упати остра реакција против новиот полски медиумски закон и соопштенијата на полската Влада да се измени правниот статут на информациската агенција ПАП со што ќе се ограничи нејзината независност. Тоа се вели во соопштение потпишано од генералниот секретар на ЕАНА, Ерик Нилен.
Слободата на изразување и независноста на медиумите се две основни барања за демократија и е долг на сите демократски сили да ги заштитат тие принципи, се вели во соопштението.
Важна претпоставка за независна новинаска агенција е постоење транспарентна законска рамка што треба да гарантира независност, но и на новинарите во неа.
Во ЕАНА членки се новински агенции од 32 држави.
Бордот на ЕАНА ја повикува полската Влада да гарантира дека ПАП и понатаму ќе има независна улога со обезбедување независни новинарски услуги за медиумите во Полска и странство.