„Гугл“ реши својот најнов „дудл“ да му го посвети на француксиот писател од 17-от век, Шарл Перо.
Перо, заедно со браќата Грим и Ханс-Кристијан Андерсен, е еден од најпознатите автори на бајките со кои пораснаа многу деца ширум светот.
Негова прва бајка е „Заспаната убавица“, објавена во 1696 година, а меѓу најпознатите останати дела на Перо се и „Мачорот в чизми“, „Црвенкапа“, „Пепелашка“ и „Приказните на мојата мајка гуска“.