Ќе се обновуваат фасадите на куќите на Коџоман и Малески во Струга

Од:

Во Струга годинава предвидено е да се реновираат фасадите на две куќи со автентичен стил, а треба да заврши и конзервацијата на фрескожипописот во црквата „Свети Ѓорѓи“, информира директорката на Завод и Музеј – Охрид, Тања Паскали-Бунташеска.

– Во завршна фаза е процесот на ревалоризација за Струга. Скоро сите елаборати за поединечно заштитените објекти веќе се завршени. И во Струга има доста објeкти претежно лоцирани околу Спомен домот на „Браќата Миладиновци“, кој беше реновиран пред три години. Планираме да направиме конзервации на куќите на Коџоман и Владо Малески, изјави Паскали-Бунташеска, додавајќи дека за идната година планирана е реконструкција на објектите на Несторови и на Ружа Ѓореска.

Паскали-Бунташеска потсети дека веќе две години се работи на конзервација на фрескоживописот во црквата „Свети Ѓорѓи“ .

– Годинава е последната фаза од конзервацијата и се надевам дека со тоа комплетно ќе заврши конзервацијата на живописот во оваа црква. Архитектурата е добро сочувана и нема потреба од реставрација, рече Паскали-Бунташеска.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска појасни дека средствата од буџетот Министерството ги распределува на конкурс.

– Не може да дадеме средства доколку некоја институција не се јавила на конкурс и не аплицирала со проект. Инвентивноста и иницијативноста мора да произлезе од институциите. Во Струга како национална институција ги имаме Центарот за култура, Музејот, а може да аплицира и општината. Конкурсот е отворен за сите и навистина се води сметка на поддршка на квалитетни проекти не само на нашите национални институции, туку и на локалните институции, општините, невладиниот сектор, рече Канческа-Милевска.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски