Собранието ќе ја одржи 85-тата седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 85-тата седница на чиј дневен ред се предлог законите за извршување, за нотаријатот, како и за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, трите во прво читање.

Пратениците треба да ги разгледаат и предлог законите за ратификација на Договорот за економска соработка со Владата на Социјалистичка Република Виетнам и за ратификација на Спогодбата со Владата на Република Косово за соработка во областа на образованието и науката.

На дневниот ред се и Предлог законот за урбано зеленило, во прво читање, поднесен од пратениците Лилјана Поповска, Солза Грчева, Љубица Буралиева, Роза Топузова Каревска и Павле Трајанов, предлог законите за изменување и дополнување на Законот за буџетите и  на Законот за јавен долг, поднесени од опозицијата, како и Предлог законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, исто така, поднесен од опозицијата.

На седницата се и уште 70-тина законски решенија во прво и второ читање и по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски