Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ, успеаја да извлечат победи во пет сета и да се најдат во полуфиналето на Ролан Гарос.
Првиот тенисер на светот, Ѓоковиќ спаси четири меч топки против Французинот Жо-Вилфрид Цонга и успеа да победи со 3 – 2 во сетови (6:1/5:7/5:7/7:6/6:1).
Федерер беше принуден да одигра пет сета за да влезе во полуфинале. Тој направи пресврт и од 2 – 0 во сетови за Дел Потро, на крај мечот заврши во корист на Роџер (3:6/6:7/6:2/6:0/6:3).