Сан Антонио ја продолжи серијата победа на домашен терен

Од:

Екипата на Сан Антонио оствари нов триумф пред своите навивачи совладувајќи го синоќа Њујорк минимално со 100:99.

Најдобар кај домашниот тим беше Каваи Леонард со 19 поени и 12 скока, а кај гостите Кристапс Порзингис со 28 поени и 11 скокови. За Сан Антонио ова беше 22 победа на домашен терен (без пораз), а покрај нив без пораз дома е уште првакот Голден Стејт. Воедно ова се и двата најдобри тима Голден Стејт има 34 победи, а Сан Антонио 32.

Резултати на ноќеска одиграните дуели: Вашингтон – Торонто 88:97, Бруклин – Орландо 77:83, Мемфис – Денвер 91:84, Минесота – Кливленд 99:125, Њу Орлеанс – Индијана 86:91, Милвоки – Далас 96:95, Сан Антонио – Њујорк 100:99, Феникс – Мајами 95:103, Портланд – Голден Стејт 108:128 и ЛА Лејкерс – Оклахома Сити 113:117.

Пласман Источна конференција: Кливленд 25-9, Чикаго 22-12, Мајами 22-14, Торонто 23-15, Атланта 22-15, Индијана 21-15, Детроит 20-16, Орландо 20-17,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 34-2, Сан Антонио 32-6, Оклахома Сити 26-11, ЛА Клиперс 23-13, Далас 21-16, Мемфис 20-18, Хјустон 18-19, Јута 15-20,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on