Варшава е подготвена за компромис со Лондон за ограничување правата на мигрантите од ЕУ

Од:

 Полскиот министер за надворешни работи Витолд Вишчиковски изјави дека Варшава би можела да прифати компромис за барањето на владата во Лондон, за ограничување правата на мигрантите од ЕУ во Британија, доколку британската влада и помогне на Полска во нејзиното барање за засилување на присуството на НАТО во земјата и во Централна Европа.

– Ние сметаме дека не третираат како второстепена членка на НАТО, затоа што во целипт регион (Централна Европа) нема позначително присуство на силите на Алијансата, изјави шефот на полската дипломатија во разговор со западните медиуми.
Според Вишчиковски, таквата состојба и овозможува на Русија да ја реализира својата стретегија во овој регион.

Полска бара од НАТО да распореди меѓу три и пет илјади сојузнички војници на полска територија, за да се засили нејзината безбедност.Ваквото барање Варшава го има поднесено веднаш по руското вмешување во украинските настани.

– Безбедноста на земјата е далеку под стандардите што ги имаат западните членки на Алијансата,  вели полскиот министер.

Во разговор за германскиот весник „Билд“ Вишчиковки ја обвини Германија дека „со години на ред го блокира“ ваквото полско барање, тврдејќи дека тоа се прави „за да не се провоцира Русија“.

Полскиот министер бара од владата во Берлин да покаже повеќе разбирање и солидарност со Полска, но и да одлучи ,како што рекол, дали земјата е рамноправен партнер на Германија, или пак е само „тампон зона“ наспроти Русија, извор за евтина работна сила и место каде германските компании можат поевтино да ги изработуваат своите производи.

Полска, заедно со другите источноевропски членки на ЕУ, досега беше најсилниот противник на британските барања за ограничувањето на правата на мигрантите од земјите на Унијата, затоа што се мисли дека тоа се однесува за полските и за државјаните од другите земји на Истокот.

По влегувањето на Полска во ЕУ, на 1 мај 2004 година, околу еден милион Полјаци допатуваа во Британија за да работат и живеат, а сегашната конзервтаивна влада во Лондон смета дека мигрантите од ЕУ се населуваат главно да ги користат богатите британски социјални бенифиции.

За време на посетата на Варшава , во декември, британскиот премиер Дејвид Камерон призна дека не успеал да го убеди новиот премиер на Полска, Беата Шидло да ги поддржи барањата на владата во Лондон.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази