Лос Анџелес Лејкерс испушти продолжение

Од:

Кошаркарите на ЛА Лејкерс испуштија шанса да играат продолжение на гостувањето кај Сакраменто откако Лу Вилијамс (постигна 20 поени) не успеа да реализира тројка во последните секунди.

Тие ноќеска лошо го почнаа натпреварот и по пет минути игра губеа со 21 разлика (25:4). Во третиот период предноста на Сакраменто беше и 27 поени (88:61). Сепак „езерџиите“ направија и пресврт откако во неколку наврати имаа поен предност во последната четвртина, но немаа сили за победа. Демаркус Казнс со 29 поени, 10 скокови и 7 асистенции беше најдобар кај Сакраменто, додека Коби Брајант постигна 28 поени за ЛА Лејкерс.

Резултати на ноќеска одиграните дуели: Филаделфија – Атланта 98:126, Чикаго – Бостон 101:92, Хјустон – Јута 103:94 и Сакраменто – ЛА Лејкерс 118:115.

Пласман Источна конференција: Кливленд 24-9 (победи-порази), Чикаго 22-12, Мајами 21-14, Торонто 22-15, Атланта 22-15, Индијана 20-15, Детроит 20-16, Орландо 19-17,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 33-2, Сан Антонио 31-6, Оклахома Сити 25-11, ЛА Клиперс 23-13, Далас 21-15, Мемфис 19-18, Хјустон 18-19, Јута 15-20,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on