Шпанскиот тенисер Давид Ферер е вториот финалист на Мастерс турнирот во Париз, откако во полуфиналето го победи Микел Љодра со резултат 7:5, 6:3.
Ферер во финалето ќе игра против Полјакот Јиржи Јановиќ, кој на патот до финалето ги победи Колшрајбер, Чилиќ, Мареј, Типсаревиќ и во полуфиналето забележа победа над домаќинот Жил Симон.
Ферер три пати играше во финалето на Мастерс турнирите и сите три пати е поразен, додека за Јановиќ ова ќе биде прво Мастерс финале во кариерата.
Финалниот меч ќе се одигра во недела, кој и да победи, за него тоа ќе биде прва титула од Мастерс турнирите во кариерата.